Популарната ТВ водителка Лила Филиповска, нема кога не е актуелна во јавноста, како за она што и се случува на приватно поле, така и на професионален план кога е во прашање квизот „Се или нешто“ кој го води години наназад или пак инфлуенсерството во кое е сериозно успешна.
За Лила се знае доста, бидејќи таа не е меѓу ултра резервираните, освен кога е љубовта во прашање, па е повеќе мистериозна, како што вели, за да има повеќе среќа.
Пред извесно време Лила на сите им покажа како изгледала како бебенце. Тогаш, на својот Инстраграм профил објави ретро семејна фотографија на која таа е во рацете на мајка си, а до нив е и нејзината поголема сестра.
Сега, повторно ја навјасаа спомени и објави досега невидена фотографија од нејзиното детство, веројатно направена во Шведска на нејзина 4-5 годишна возраст.
За оние што не знаеја, Лила е родена во Гетеборг и таму живеела се до 12 години, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.
Еве ја Лила како мало детенце, би познале дека е таа?