Канје Вест избриша бизарна објава на Инстаграм, во која ја фотошопираше веста дека „Скит Дејвидсон почина на 28 години“ на насловната страница на Њујорк Тајмс. Раперот со таа објава го „означи“ раскинувањето на врската на Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон, со што ја налути неговата поранешна сопруга.
“Тоа е уште еден од неговите испади и Ким не го сфаќа како шега. Таа не ги сфаќа лесно неговите напади и бараше да се избришат”, рекол извор близок до Ким за „US Magazine,“ а причината најверојатно е нејзиното барање. Па, раперот ја избриша морбидната објава.
Странските медиуми пишуваа дека Пит Дејвидсон наводно завршил на терапија токму поради бројните напади на Канје врз него.
„Негативноста и лудорите на Канје предизвикаа Пит да побара психолошка помош“, изјави извор за магазинот „People“.
Вест јавно го нападна Дејвидсон откако комичарот почна да се гледа со неговата поранешна сопруга. Во март оваа година, Вест објави музичко видео за песната „Eazy“, во која се појавува раперот . Во видеото објавено на Инстаграм на Вест, глинената верзија на Пит Дејвидсон е киднапирана, врзана, жива закопана и запалена.
фото:Принтскрин/Танјуг