Ријалити ѕвездата и најмлада милјардерка Кајли Џенер (21) навикнавме да ја гледаме со средена коса, многу шминка и беспрекорен стајлинг, а овој пат многумина коментираа дека Кајли е всушност запуштена.
Денот кога е фотографирана од папараците, тешко дека било кој ја препознал и помислил дека тоа е најмладата милијардерка од кланот Кардашијан –Џенер.
Кајли била без шминка, со очила за вид на лицето, додека на себе има широк дуксер и хеланки, а на нозете има патики.
За време на бременоста таа криеше дека е во блажена состојба, а тогаш често носеше широка гардероба. Потсетуваме, Кајли и нејзиното момче Тревис Скот(27) ја имаат ќерката Сторми (1).