Во семејството на пејачката Тамара Тодевска, со две малечки деца секогаш е забавно и интересно, особено кога има причина плус за тоа.
Пред нешто повеќе од еден месец мама Тамара и тато Александар го славеа 4-от роденден на ќеркичката Хана, а роденденската забава се случи во Гевгелија, родниот град на сопругот на Тамара.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-go-slaveshe-35-ot-rodenden-vo-gevgelija-a-eve-koj-beshe-megju-gostite-foto/
Потоа, пред една недела таму го прославија и 35-от роденден на мама, а сега се вратија на скопски терен и во еден ресторан имаа уште еден роденден и торта со свеќи.

Славеникот беше сопругот на Тамара, Александар кој наполни 40 години.

Фотографиите се најдоа на социјалните мрежи, а Мачка како што многумина го знаат, доби многу честитки.

Иако беа собрани само најблиските, почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот, не се сомневаме дека си поминале фантастично!