Една година по скандалот кој го направи по бурното раскинување со полицискиот генерал Драгиша Симиќ, кому јавно му го демолираше џипот, пејачката истакна дека не се кае за ништо, а судејќи по најновото видео и фотографиите што ги објави, Љупка Стевиќ продолжува да живее „со полни гради“!
Пејачката сега на својот Инстаграм објави материјали во кои се покажа во многу провокативна комбинација на облекување.
Ултра кусиот и тесен фустан ја следеше витката линија на Љупка, додека машките следбеници не знаеа каде попрво да гледаат, зашто не можеа да одлучат што е подлабоко – деколтето или шлицот на пејачката.
Градите речиси излезени надвор, за малку ќе и испаднаа од она малку што ги држеше во лежиштето на фустанот, а кадрите во лифтот од сите можни агли, збунија многумина.
Како и не би, кога Љупка со деколте до папок, мрежести чорапи и шлиц до препони, буквално ги распамети, „вадејќи ги од кондури“!
Фото: Инстаграм принтскрин/ljupkastevic