Водителот и шоумен Богдан Илиевски, познат како „Бетмен велит“ влезе во рап битка со бугарскиот рапер Иван Динев – Устата кој пред неколку дена објави песна со која ја навредува Македонија и македонскиот народ.
„Кај си бе Уста во уста да те гребам, сакаш да влезеш во уста, но можеш ко ќе ти наредам. Сѐ што имам да ти кажам што си ти сам крив, не ти смета мојот јазик, туку што сум жив. Ама јазик имам и на него се ќе ти раскажам, мисли што сакаш, мисли дека те лажам, но не ме боли уво…“ – рапува Бетмен.
Во продолжение слушнете како Бетмен Велит му „ја затна устата“ на Устата, со својата рап верзија како одговор на бугарската вербална агресија: