Сара Мејс има нова песна… Македонската поп пејачка, денес, среда, 7-ми февруари во етерот ја исфрли песната „Сè е прекрасно“. Во неа Сара со својот „ироничен“ пристап кон нештата, како што само таа знае, на сосема оригинален и автентичен начин ги отсликува состојбите и случувањата во нашето опшество во кое.. „се е прекрасно“, нели, како што самата пее. Песната е симната од последниот албум на Сара – „Floating through space“, а е снимана во студиото „Алшар“. Снимател бил Ивица Јанкуловски, а миксот и мастер ги изработил Горан Гешовски.
Токму во таа тема – „Сè е прекрасно“ неа со својата соло изведба на виолина ја придружува Климент Тодоровски, инаку концерт-мајстор во Македонска опера и балет, додека Филип Димишковски свири на пијано, Дејан Митровиќ на контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски ги свират гитарските делници, Александар Ванчовски е на тапани, Виктор Филиповски на перкусии, а Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали во песната која можете да ја слушнете во продолжение.