Македонската џепна венера, Ноне Неделковска е на нова пловидба. Белосветскиот патник, пред Нова Година и Божиќ, очигледно го „дрмна“ носталгија, па се јави со жалење што највеселата ноќ нема да ја помине во родниот Велес, туку некаде по светските мориња и меридијани!
„Празници се ближат,а јас пак не сум дома“ – напиша Ноне до фотографијата на која за разлика од лани кога на огромниот Дедо Мраз не му беше ни до колена, овој пат цврсто го држи во прегратка, седната крај каминот!
Арно ама, и покрај нејзиното отсуство, во нејзиниот дом сепак се славеше. И тоа роденден! Ако не на Ноне, има на кого… И таа е слатка мала како неа, има сто така кусо име од 4 букви, како и Ноне и неа сите ја обожаваат, а таа е размазена па сака со сите да си игра и да се гали, иако не е во роднински врски со никого од Неделковски!
Ама сепак… славеничката ја облекоа во нови свечени алишата…
…па ја однесоа пред огледало да се види колку е убава.
И направија торта, и запалија свеќички и… И пееја: Happy birthday to You…
Место Ноне, свеќичките ги дуваше мама Мимоза! За среќен втор роденден на… ЛУСИ! Сега на ред е елката… и Среќна Нова Година!