Ништо лично ништо лично

Кај Никола Димитров само љубовта и лицемерието (от)секогаш се „чудесни“? (ФОТО)

Кај Никола Димитров само љубовта и лицемерието (от)секогаш се „чудесни“? (ФОТО)

Никола Димитров, политичар, или поточно препознатлив „политички камелеон“ желен секогаш да биде  во власта.  Кога престанаа да го играат едните, ладно им се приклучи на другите. Одговорен за некои од најодговорните, но  најпогубни одлуки во историјата на независна, самостојна и суверена Македонија… Меѓудругото и со негов амин и заслуга, сега Северна!

Арно ама, кога другарчињата ќе престанат да те играат, солзите „крокодилски“ сами навираат…

Откако новата СДСМ врхушка „го тргна на страна“, тргна да „плаче“ како во таа партија нема демократија. А до вчера кога тој со нив во иста „тиква дуваше“ демек ја имаше? Демек не било слобода да се клима со глава, а тој беше еден од главните климачи кои климнаа и го сменија името на државата контра волјата на народот изразена на референдумот!

Приватно, како голем заводник, љубовџија, донжуан и казнова, јавноста, особено онаа нему блиската, Димитров  така го доживува… Или барем тој така сака. Зад себе има два брака и 4 деца, а од пред две години и нова љубов(ница)… Медумите во јануари 2020 обзнаија дека тогаш министерот за надворешни работи кој ја преименува својата таковина, е во нова љубовна врска.

Овој пат со новинарка…   Катарина Синадиновска –  новинар во Агенда 35,  со која заедно се појавуваат на настани во Скопје и не ја кријат врската иако Димитров истата јавно никогаш не ја потврди за македонските медиуми, а новинарката тогаш даде само куса „неодредена“ изјава:

„Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес“ – ќе изјави кусо Синадиновска.

Но, метаморфозата на лицемерието колку и да се обидувате да ја доведете до ниво на непрепознавање, секогаш ќе се најде некој кој вистината ќе ви ја плесне в лице, како доказ дека сепак, „добро се познаваме“.

Коментарот под „медиумските жалопојки“ на Никола Димитров, на еден од оние што веројатно повеќе од добро го познаваат,  најдобро говори за „ш’о чоек“ се работи.

Според кажаното, по се’ изгледа кај Никола Димитров само љубовта и лицемерието (от)секогаш се „чудесни“?

 

 

 

 

To top