Радио Милева

Кај неа нема криза: Ана Николиќ ја почести ќерката со подарок од 8 000 евра (фото)

Кај неа нема криза: Ана Николиќ ја почести ќерката со подарок од 8 000 евра (фото)

Ана Николиќ купила коњ за 8 000 евра. Пејачката одлучила за роденден да ја израдува својата ќерка Тара и да го подари овој подарок.

Имено, пејачката заминала во Шимановци, а таму одбрала бел коњ.

„Ана редовно одеше да јава на хиподром во Белград, но во последните години потполно го запостави тоа хоби. Бидејќи поради короната сега нема настапи, одлучи повторно да најде време за дружење со коњите. Оди на јавење кога нема гужва, а се обидува љубовта кон коњите да ја пренесе и на нејзината ќерка Тара. Така, тие неодамнаа замина на имот во Шимановци и на Ана и се допадна еден бел коњ“, вели добро известен извор.

фото: Принтскрин/инстаграм/ананиколиќ

„ И на Тара и се допадна тоа животно, па ја праша мајка и дали може да го носи дома. Ана само се насмеа, а потоа и текна дека може да го купи за 3иот роденден на ќерката. Се јави на Раста, го праша што мисли за тоа и на него му се допадна идејата“, додава изворот.

Утредента Ана заминала да среди се околу купувањето на коњот.

фото: Принтскрин/инстаграм/ананиколиќ

„Сопственикот кажа дека коњот чини 8 000 евра и дека месечно мора да плаќа храна и одржување. И ја покажа шталата и просторот за јавање. Ана истакна дека често ќе доаѓа со ќерката на јавање“, објаснува соговорникот за ало.рс

Инаку, пејачката и порано даваше многу пари за животни.

To top