Радио Милева Достојна замена

За Лила нема маки, еве кој ја дружи во отсуство на Боки? (ФОТО)

За Лила нема маки, еве кој ја дружи во отсуство на Боки? (ФОТО)

Боки – „Тредичи“  и понатаму е во притвор. Аферата секој ден добива нов заплет, станува се позамрсена, како гордиев јазол кој на крајот по се изгледа дека не ќе може да се одмрси, па ќе заигра мечот… да го пресече! Прашање е само чии се’ глави ќе одат јабана?

Во меѓувреме „1ТВ“  е на шкрги… Телевизијата „работи на апарати“ одржувајќи се на „жими мајка“ во живот. Додека и оние што се обидуваат да ја „вратат“ конечно не сфатат дека од ветеното нема ништо! Бајката (бргу ќе) заврши  – папала маца!

Интересно е да се види каде е и што прави верното и убаво друштвото на Боки – „Тредичи“ додека тој е на „сигурно“!

„Модниот гуру“ Варошлија никаде го нема! Исчезна преку ноќ! Дури и од социјалните мрежи! Едната од двете дами која беше со Боки во џипот при неговото апсење, повеќе ја нема… Барем не, на програмата на 1ТВ , која ионака е сведена на „фчерашна“ со бајати дебатни репризи и „трагикомичен обид“ за правење најнови вести!

Ама затоа некои од „Тредичи друштвото“ се’ уште се тука… Кој во телевизијата кој, надвор од неа!

Така е со новинарот и водител Зоран Василевски, многу попознат како Зоки – „Фаци“, кој и понатаму  е присутен во 1ТВ. До душа не на програмата, зашто од „ексклузива забава“ на Зоки му остана само цревото в раце! За да ја полева тревата во дворот на 1ТВ да не овене на жештините, како нивната програма!  Ама ако! И тоа е нешто! Барем е корисно и еколошки прифатливо!

Откако Боки 13 повеќе не е на слобода, најинтересно прашање е кој ја дружи Лила, со оглед на тоа дека таа, Варошлија и Боки  беа речиси неразделни во периодот по отворањето на 1ТВ. „Првата другарка на банкарот“ беше дури и втората дама во џипот на „газда 13-ка“ при неговото апсење на граница.

И за да нема повеќе дилеми и недоумици, одговорот е тука. Лила за дружба си најде достојна замена во „човек од доверба“ од 1ТВ! Кога веќе нема емисија, Зоки – „Фаци“ има „ексклузива“ покрај цревото, да ја дружи и Лила додека Боки е во Шутка!

Или можеби нивната средба во еден од познатите скопски молови беше сосема случајна, па заврши само со еднократен лимонада муабет?

Како и да е, Лила, во отсуство на старото друштво, си најде нова екипа за дружба во Охрид: синот Филип и нејзиниот асистент Спасе – „временска“ од ТВ „Сител“!

 

View this post on Instagram

 

Ohridsko leto ❤️❤️❤️ #summer #friends #love #life

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

To top