Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова се врати од Шведска во Македонија. Таа сега ќе остане на подолг престој дома, во родната Струмица, ама тоа никако не значи дека пејачката и ставила клуч на кариерата. Напротив, згодната фолкерка е хиперактивна… И кога е животот, ама и кога е работата во прашање. Очигледно Сузана се држи до максимата дека: „едното не смее да трпи заради другото“, па знае како малку да одмара и ужива на море, како повторно да ја придобие публиката.
Сексапилната струмичанка и кога на плажа за викенди доаѓа, не заборава да ги потсети своите следбеници на социјалните мрежи со што располага. Атрактивна однапред, уште поатрактивна одзади…
Затоа внимавајте ако случајно се сретнете или се разминете некаде вака, на некои скали… Зашто кога ќе ја видат Гавазова како гази, мажите се како „Камикази“… веднаш „губат глава“!
Токму како што е насловена и нејзината нова песна – „Камикази“ која треба да се појави наскоро… А во најавата на истата, на фотографиите сексапилната фолкерка сликана заедно со Аце и Злате – членовите на скопскиот „Балкан бенд“ во студиото „Момировски“. Заедно се и во Струмица, на иста маса, а можеби и во иста песна?
Задоволството обострано, а по она што се гледа од фотографиите и симпатиите… Зашто кај Гавазова нема утки, штом се појави на колегите им летаат пеперутки… околу глава!
А, што им се мота низ главата? Ееее… тоа прашајте го Александар Тасевски, вокалот на „Балкан бенд“!
Ама како што самата Гавазова вели: „Не чекајте ја можноста да ви дојде сама, туку создадете ја“!
Или: „Зграпчи го… Денот“! Како што гласеше слоганот на некогаш, најтиражниот македонски дневен весник!