Нова Година наближува, а неа најмногу и се радуваат децата. Целокупната предновогодишна атмосфера и амбиент потсетуваат на една голема волшебна бајка, во која Дедо Мраз им ги исполнува желбите преку своите подароци, а најблиските се тука секогаш да ја споделат новогодишната магијата со својата фамилија. Така е кај сите, или барем треба да биде, па и кај познатите и популарни личности и естрадните ѕвезди.
За разлика од многу познати личности кои приватноста ја кријат како „змија нозете“, фолкерката Сузана Гавазова е една од оние која не само што не го крие приватниот живот, туку и го сервира на увид на јавноста, дури и кога се нејзините деца во прашање.
Покрај кариерата, струмичката фолкерка неретко знае да ги отвори вратите на домот и да ја покаже својата домаќинска страна, особено кога се ближат празници, а а Нова Година и Божиќ се секако едни од најубавите и назначајните. И за неа и за нејзините две мали куклички, ќеркичките Емили и Селена!
Затоа уште со време Гавазова се погрижи да го украси домот и новогодишниот амбиент да го пренесе во новното живеалиште. Но, ако досега тоа го правеше воглавно таа, сега новогодишните декорации, стана обврска и дело двете мали грации! Меѓу сите украси, се разбира доминира, новогодишна елка, годинава целата во бело.
За нејзиниот украсување, со лампиони во неколку бои, машнички, ѕвездички, сијалички и балони, се погрижија двете сега веќе потпораснати бомбони!
Она што го гледале и научиле од мама Сузана, нејзините убавици Емили и Селена го применија декорирајќи ја и новогодишната елка и целиот празничен амбиент со украсување на домот.
Така е секоја претходна, така е и оваа година, кога празници се ближат и доаѓа Нова Година!
А, Нова Година уште отсега почнува се празнува во домот на Гавазова!
Најрадосни и највесели разбирливо двете најблескави ѕвездички во нејзината вселена, нејзините вредни ќеркички Емили и Селена!
Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova