Ана Стојанова веќе добро и е позната на македонската јавност. Кралицата на социјалните мрежи како фитнес инструктор, модел, мотиватор и советник за здрава исхрана, која се наметна со одлична идеја – како да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво.
Таа постојано себе си и на своите следбенички им поставува нови предизвици, кои ако се истрајни, упорни и послушни, ги следат нејзините совети и препораки, брзо ќе ги совладаат. Е сега, дали лесно…? Во животот нема ништо лесно, но ако се препуштиш на „неподносливата леснотија на живеењето“, бргу ќе станеш и неподносливо гојазен, дебел и што е најстрашно, нездрав.
Па за да не биде така, атрактивната и мошне сексапилна фитнес инструкторка секогаш има некој нов адут, некоја нова програма за здрава исхрана и вежби за одржување на формата и кондицијата, а со тоа и линијата… И тоа за сите, освен за… Неееее, не за себе, напротив, токму таа е примерот што останатите го следат.
View this post on Instagram
Туку Ана туркајќи ги своите агенди за здрав живот, подзаборави на здравиот живот на нејзиниот најдобар пријател. Крзнениот четвотроножен домашен миленик, нејзиниот мачор Мазо, галиба ќе да му беше името. Така Мазо од мачор полека почна да се претвора во тигар според габаритот, па откако тоа инструкторката најде време тоа да го збележи, ете ти го мачорот со 20 и кусур посто поголема тежина од онаа што треба да ја има. Од максимум 4 кг. дотера до 5 и 300 грама, што за Ана значеше црвен аларм, а за него дека нема веќе колбаси, шунка, салама… туку само диетална храна.
Помирен со реалноста дека отсега, па се до некое догледно време ќе мора „да гладува“ и мачорот стана свесен дека од Ана и судбина, не може да се избега!
Колку и да бараш и молиш, да мјаукаш и да се умилкуваш, нема… Само толку добиваш, колку да не пцовисаш од глад. Половина чинииче јогуртче, а ти сакал – нејќел што ќе правиш, мора да го сркнеш!
А штом агендата се спроведе до крај, штом мачешката диета се истера, за месец-два, ќе има и враќање на старо. Одново лижење прсти, пардон шепи,одново полно меше и задоволно мазење по обилното јадење.
Впрочем и името му е такво – Мазо! А му одговора и заради „диеталниот мазохизам“ што во наредните денови ќе мора да го истрпи. Жива среќа што не се вика Садо!
Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova