Радио Милева По сообраќајката и дрогата, нови неволји:

Кај Дарко Лазиќ мора се’ да е комлицирано: Вереницата Марина има ризична бременост, а бившата жена Ана Севиќ не му дава да ја гледа нивната ќерка? (ФОТО)

Кај Дарко Лазиќ мора се’ да е комлицирано: Вереницата Марина има ризична бременост, а бившата жена Ана Севиќ не му дава да ја гледа нивната ќерка? (ФОТО)

Свршеницата на Дарко,  Марина сега е во осмата недела од бременоста, и бидејќи првото тримесечје е најголем ризик за фетусот,  Марина сега треба да се одмора. Бременоста не ја поднесува баш најдобро заради целиот стрес претрпен минатиот месец, потврдил и нејзиниот брат Милош. Тој не крие дека сите стравуваат како ќе ја поднесе  бременоста до крај.

„Марина барем неколку пати на ден оди на прошетка, а потоа и во вечерните часови оди кај Дарко кога таа се чувствува добро, бидејќи ја мачат вртоглавици и гадење. Повраќа, малаксана е, веројатно поради тоа што е анемична и треба да се одмора и да се чува, затоа што сега и за бебето и за неа тоа е најважно. Тешко ја поднесува бременоста“ – изјавил братот на Марина – Милош, а потоа и таа ги потврдила овие тврдења.

Иако среќна за состојбата во која се наоѓа, призна дека, сепак, не ја поднесува лесно бременоста.

“Точно е дека имам мачнини, но важно е дека се чувствувам среќно, знам дека се ќе биде добро. И Дарко и јас од сето ова ќе излеземе како победници, бидејќи нашата љубов е посилна од се ‘“ – се бодри Марина позитивно размислувајќи и објаснува:

“Дарко е човекот на мојот живот, јас го сакам повеќе од било што и сега и  детето ќе ни се роди, што е круна на нашата љубов. Сите сме  пресреќин, бидејќи ние навистина се зближивме, и јас со неговите родители, и тој со моите. Откако тие дознаа дека сум бремена и дека ќе им родам внуче, кон мене да се однесуваат како да сум на нивна ќерка, и јас сум им благодарна за тоа“ – вели свршеницата на пејачот.

Во меѓувреме, во медиумите осамнаа написи дека бившата сопруга на Дарко, пејачката и ТВ водителка на Гранд, Ана Севиќ, не му дозволува да ја гледа нивната ќерка Лорена. Ана веднаш се огласи преку своите адвокати и еве што изјави:

„Прашањето за гледање и воспитување на детето е прашање за  кое родителите одлучуваат заеднички и консензуално, и уште еднаш потенцирам дека Дарко нема проблеми со гледањето на Лорена.  Дарко и јас се согласивме дека треба психолог да го подготви детето за она што следува, а тоа е дека детето ќе го гледа неговиот татко во многу лошо време, во многу сериозна здравствена состојба. Имајќи ја во предвид возраста на детето, тоа може да доведе до многу сериозни психолошки последици за детето, што не е во интерес на никого. Јас постојано му покажував слики од Лорена во болницата и тој се согласи со сите горенаведени факти. Дарко знае во секој момент каде е и што прави неговата ќерка“ – објаснува Севиќ.

To top