Радио Милева
филмувана биографија

„Кафана на Балкану“ е насловот на филмот за Аца Лукас кој се снима во цела поранешна Југославија, а една од локациите е и Скопје

„Кафана на Балкану“ е насловот на филмот за Аца Лукас кој се снима во цела поранешна Југославија, а една од локациите е и Скопје

Најголемата регионална ѕвезда Аца Лукас неодана ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас“, која наиде на фантастични критики. Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Кафана на Балкану“ – како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект.

Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype“, а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ. Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија:

„Кафана на Балкану“ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија“ – вели Мирковиќ.

Фото: Зоран Синко

Останати вести од Радио Милева