Промотер

Јованка Житарова се врати како Јова со порака – „Биди сама своја среќа“ (ВИДЕО)

Јованка Житарова се врати како Јова со порака – „Биди сама своја среќа“ (ВИДЕО)

Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна „Биди сама своја среќа“. Зад оваа песна како автори се запишани Роберт Билбилов, кој ја направи музиката и аранжанот, во чие студио е и снимена, а текстот е на македонската писателка, Ксенија Николова.

„По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“.  Ова е само почеток од нашата соработка.  Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата убава македонска песна, зашто, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да одам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено на припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив“ – вели Јова.

Спот е снимен од продукцијата на  познатиот уметнички фотограф и режисер Зоран стојановски –  „Зонде“ на браната Козјак. Во видеото Јова  е претставена како слободна, сама и среќна жена.

„Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам.  Дека на човек  најважно од се’  му е личната среќа“ – додава таа.

Погледнете го видеоспотот за оваа песна:

To top