Родена прилепчанка со долгогодишна скопска адреса на живеење, Јованка Јакимоска Митревска (46) сите успеа да ги освои сите со својот глас и харизма на сцената во музичкото талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.
„Никогаш не е доцна за ништо во животот, само доколку човек одлучи, патот се отвара. Бог им помага на сите“, истакна Јованка во своето претставување, раскажувајќи ја својата приказна дека сакала да пее уште како малечка.
„Кога ќе останев сама дома земав чешел или пенкало кој ми изигруваше микрофон, ќе застанев пред огледало и пеев“ – раскажув Јованка која вели дека прва љубов сепак и било хорското пеење кое почнала да го практикува во петто оделение во родниот Прилеп и во разни хорови пеела дури и кога дошла на студии во Скопје.
„Прво искуство во популарната музика ми беше учеството во есдна блуз група во прилеп, каде бев придружен вокал, и на почетокот сите песни ми беа исти“ – раскажува Јованка.
Откако се преселила во Скопје почнала да пее секакви евергрини, странски, српски, македонски…за на крајот да заврши во фолк музиката.
Штом стапна на сцената во „Никогаш не е доцна“и го запеа македонскиот евергрин „Штом се сака“, Јована Јо – како што е нејзиното уметничко име, веднаш ја воодушеви и публиката и жирито.
„Како да си пораснала на оваа сцена, беше самоуверена и некако помоќно ми звучи да се викаш Јованка Џо. Ова беше супер“ – прокоментира Дејан Матиќ.
Пејачката доби пофални коментари и од Саша Милошевиќ Маре, додека Тијана заради силните емоции само кажа:
„Ти благодарам многу, ме донесе до солзи“.
Како звучеше изведбата и како изгледаше комплетниот настап на прилепчанката со скопска адреса на живеење што ја расплака Тијана, проследете од видеото во продолжение:
Фото и видео: Јутјуб/Nikad nije kasno