Водителката Јована Јеремиќ остава впечаток на силна и цврста личност, а за медиумите не коментира многу за приватниот живот. Малкумина знаат што емотивно се случува зад затворени врати кај неа. Меѓутоа, веќе подолго време се шпекулира дека Јована и нејзиниот сопруг Воислав Милошевиќ минуваат низ брачна криза, а водителката дополнително ги подгреа сомнежите со нов потег.
Јована Јеремиќ се разведува, впечаток се стекнува по нејзиниот неодамнешен гест кој го направи речиси незабележливо. Имено, таа на социјалните мрежи го избриша презимето на сопругот, а наместо Јована Јеремиќ Милошевиќ, сега стои само Јована Јеремиќ, како што гласи нејзиното моминско презиме.
Исто така, водителката дополнително натера многумина да помислат дека нешто не е во ред во нејзиниот брак, кога неодамна изјави дека има храброст да се разведе.
„Ова се тешки одлуки за кои имам храброст. Затоа, не дозволувајте некои зафатени мажи да дојдат кај мене и да ми раскажуваат приказни дека не можат, дека имаат дете, дека нивната сопруга била таму во некои моменти… Види, ако можам јас, сите други можат“ – рече Јована во шоу „Црвена зона“.
Дополнително, водителката истакна дека и треба маж кој ќе ја придружува, како и дека е можно со текот на времето да и се изгуби љубовта, а не сакаше да открие дали е среќна во бракот.
– Се запознавме млади, се тргна набрзина кај нас, добивме дете, ќе видиме што ќе биде во иднина. Скокав по животот за да можам да живеам сама како кралица, сега за сега се е океј, животот е пред мене, се знам себеси, си го знам темпераментот, знам на што сум навикната. Можни се разни изненадувања во однос на мојот приватен живот. Тој ми е фантастичен пријател, тој е татко на Леа и тоа ќе биде засекогаш. Поминува некое време во животот, љубовта се губи или амбициите не се поклопуваат. Треба да следиш ваква жена, мора да си фраер за да можеш да следиш. Јас сум среќна жена, а дали сум среќна во бракот ќе покаже времето. Заедно сме 4 години, никогаш не сме имале кавги, проблеми и расправии“ – откри Јеремиќ неодамна во споменатата емисија.
Да потсетиме, Воислав и Јована се запознаа во 2017 година, за една година подоцна да се венчаат, а потоа набрзо ја добија и ќерката Леа. Сепак, прашање е дали нивната љубов е на тест или паднала во некаква криза, што времето ќе го покаже. Засега сите се зачудени од потегот на Јована, а тоа предизвика многу сомнежи дека сепак нешто не е во ред, а можно е да се работи само за брачни кавги кои се вообичаени.
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana