Деновиве една од поглавните теми во регионалните медиуми, барем кога станува збор за телевизијата и новинарството е отказот на Јована Јоскимовиќ и Срѓан Предојевиќ кои ја водеа утринската програма на Прва телевизија.
Имено, откако беше објавено соопштение на Инстаграм дека водителксиот тандем добил отказ, Јоксимовиќ разочарана и бесна се огласи на социјалните мрежи прашувајќи се каков е тој отказ преку Инстаграм.
„Кога некој ќе добие отказ преку Инстаграм ( а зошто и не преку Тик Ток), а таа објава не содржи ниту еден точен факт, мора на себе да си го поставите прашањето – што сега? Прво, Срѓан Предојевиќ и јас денес долго не знаевме дали сме вработени на Прва ТВ бидејќи не добивме никакво известување за прекинување на работниот однос, ни писмено, ни усно, освен ако за известување се смета тоа што во понеделник обезбедувањето физички го спречи Срѓан да влезе во зградата на Прва и да си ја заврши својата работа. Дури подоцна, преку Инстаграм доби известување за отказ, а јас изгледа „предупредување пред отказ“? А предупредување пред Инстаграм зошто не пристигна?“, пишува Јована и додава:
„Второ, кога некој преку „Инстаграм“ тврди дека повеќе не работиме поради непочитување на работните обврски, а претходно не ни е дозволено да ги извршиме, јасно е дека лаже. Ни јас, ни Срѓан немаме никаков проблем со прекинување на работниот ангажан на Прва. Бевме и на други телевизии, си заминувавме од нив,и тој процес го доживуваме како нешто најнормално на светот, процес во кои луѓето кои ја водат телевизија и професионалци кои работат во неа може да имаат различни планови, желби. Во тој случај, разделбата е најприродна работа, и се случува без лутење и тешки зборови, а посебно без лаги, без непотребан обид да се најде оправдување“ пишува Јована.
„Сопственикот на телевизијата можеше најмирно да ни го каже она што со недели се зборува по градот – дека двајцата сме прескапи. Тој аргумент ќе го прифативме, ќе се поздравевме и ќе си заминевме. Негова е телевизијата, има право да ги крати трошоците, исто како што има право да се откаже од емисиите за кои мисли дека се му непотребни. Она што нема право и поради кое настана конфликт е да ни ја уредува емисијата која е авторски проект. Законот не му го дозволува тоа, ниту пак водителите кои се држат до својот интегритет“ вели водителката во соопштението.
Јоксимовиќ додава дека за утринската програма „Утро со Јована и Срѓан“ дале сe од себе, па нема да дозволат од нив да прават безобразни, прескапи и разгалени ѕвезди. Таа потенцираше дека и не бара помош, ниту пак смета проблемот да биде заеднички.