Откако се врати од одмор и започна одново да ја води утринскат програма Јована Јоксимовиќ објави фотографија со нејзиниот колега Срѓан Предојевиќ па доби, многу пофалби за својот изглед и сите се прашуваат како тоа кај неа ништо не се сменило со текот на годините.
„Како е можно да сте сè поубави со возраста“? – е еден од коментарите, односно прашањата упатени од многубројните обожаватели и следбеници на социјалните мрежи на водителката.
Во април, Јоксимовиќ наполни 39 години и иако родила три деца, на виткото тело на Јована може да и позавидат многу помлади девојки. Но, освен добрата генетика, очигледно е дека постојаната грижа за себе е тајната за беспрекорниот изглед на водителката.
Патем, Јована Јоксимовиќ никогаш не направила ниту најмал хируршки зафат кога е убавината во прашање, а уште помалку некаква сериозна естетска операција.