Водителката на „Пинк“ Јована Јеремиќ ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека за прв пат ќе се проба во актерството. Освен во информативната програма, гледачите ќе ја гледаат и на малите екрани како актерка. Таа со фотографија и официјална објава на Фејсбук го потврди новиот ангажман.
Јована Јеремиќ откри дека глумата е нејзина голема љубов и дека понудата што ја добила ја „повикала“ со молитва:
– Уште еден сон наскоро ќе стане реалност! Од следната година улога во култна српска серија! – напиша Јована Јеремиќ.
– Денес е филмски ден! Исто како и целиот мој живот! Бог го отвори патот на мојата голема желба. Слава му – додаде таа.
Јована не крие колку е среќна, а сите фановите едвај чекаат да ја видат на малите екрани и во таа улога.
Фото:Принтскрин/Јована Јермиќ