Водителката на „Ново утро“ – утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, најави дека денеска ќе снима спот за првата своја песна наречена „Ролекс“, па откри и дел од текстот.
Песната Јеремиќ ја добила на подарок од човекот на кој му помогнала, како и часовник од истиот бренд. Таа во јуни ќе го објави својот прв музички сингл, а песната ќе се вика „Ролекс“.
Како што пишуваат белградските медиуми, Јована пред неколку години му помогнала на влијателен човек од шоу-бизнисот, а таа целосно заборавила на тоа. Деновиве таа зборуваше за музичка кариера и најавуваше дека може да сними песна, а овој човек ја контактирал и испратил наводно голем хит. Ова е личност која соработува со водечките имиња на трап сцената.
Сега таа на својот Инстаграм профил откри дел од песната.
Таа е Гучи мама, сите пари ги заработува сама“ – гласеше текстот на нејзиниот прв хит во најава.
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana