Јована Богдановска е позната по учеството на Македонското талент шоу „Нови и млади“, каде учествуваше во финалето и е една од најдобрите учесничи досега.
Не помина долго време, а Златко Миладиновски и направи две преработки на стари македонски песни: „Дафина платно белеше“ и „Подигниси бре невесте дулачето“ со кои младата пејачка ја изненади публиката со прекрасната изведба.
Во меѓувреме Јована снимаше и преработка на познатата „Не плачи мајко, не жали“, за која беше реализиран и високобуџетен видеоспот.
Јована е добро познат на австралиската публика каде има свои фанови, на чие барањезаедно со други колеѓи на почетокот на 2023 ќе има турнеја во Австралија. Организатор на турнејата е Сателитката ИНТВ Австралија.
Во меѓувреме, погледнете го видеото за прекрасната „Не плачи мајко не жали“ (КЛИКНИ ТУКА):