Промотер

Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО)

Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО)

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание.

Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера – заедно ја отпеаја песната „VYBE“.

По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“.

„Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“.

„Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф.

Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски.

To top