Промотер

Јордан Митев уште еднаш – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ВИДЕО)

Јордан Митев уште еднаш – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ВИДЕО)

Фолк пејачот Јордан Митев деновиве го промовираше неговото најново видео за темата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песна која е вистински хит во нашата земја и особено кај нашинците надвор во дијаспората.

Едноставно, песна во која се пронаоѓаат сите генерации, а самиот Митев е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, додека истата е снимана во скопското студио „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку видеоспотот го изработила  „Арт продукција“, а снимањето се одвивало во родниот град на пејачот, Радовиш.

Ова е една од ретките новосоиздадени фолк теми, која има и атрибути на популарност, но во себе содржи квалитет и издржаност, па затоа има и од самиот старт имаше тенденции ем да биде хит кој ќе се свири и пее насекаде, ем предиспозиции да остане една од оние, вечните, кои никогаш не стареат… Македонски фолк евергрин, по теркот на незаборавните фестивалски евергрини од Фолк фест Валандово, Цветници, Филиграни…

„Навистина ми е премногу драго што успеавме да го завршиме и промовираме спотот за оваа тема, која според реакциите на нашите Македонци, навистина од ден во ден станува сè повеќе и повеќе популарна како песна. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, односно на екипата која стои зад целиот овој проект, како и на статистите кои дадоа свој печат во сето ова. Спотот ќе придонесе само уште повеќе да живее и да се негува оваа песна, а тоа е главен двигател за нас пејачите и понатаму да создаваме квалитетна македонската народна песна“, вели Јордан.

Наскоро Митев ќе ја изненади публиката со уште едно видео, а овој пат снимањето ќе биде надвор од границите на нашата земја.

Дотогаш погледнете го видеото за „Наздарави за љубов, наздрави за среќа“: