Промотер

Јордан Митев со претпразнична песна – „За тебе“ (АУДИО)

Јордан Митев со претпразнична песна – „За тебе“ (АУДИО)

Успешната 2017 година фолк пејачот Јордан Митев, во пресрет на Новата 2018, реши да ја заокружи онака како и што доликува – со нова песна. Композицијата е насловена „За тебе“, а нејзин комплетен автор е токму Митев. Темата е снимена во студиото „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски.
Инаку, станува збор за песна со љубовна тематика и во весел, побрз ритам која, како што вели Митев, верува дека одлично ќе се вклопи во претстојните празнични денови.

„Се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав годинава да ја завршам онака како што и ја почнав со нова песна, а веќе во следната со нови сили одиме кон нови победи и, секако, реализација на планираните проекти. Сакам во оваа прилика да им посакам на сите мои Македонци, каде и да се, убави празници и бериќетна година исполнета со добро здравје и, нормално, убава македонска музика“ – вели Митев, а Вие слушнете ја неговата „За тебе“ во продолжение.