Промотер

Јордан Митев понесен од емоциите напиша песна за својот „Роден крај“ (ВИДЕО)

Јордан Митев понесен од емоциите напиша песна за својот „Роден крај“ (ВИДЕО)

По љубовната тема „За тебе“ за која Јордан Митев видеото го снимаше во Милано, пејачот го промовира спотот за неговата нова, овој пат родољубива песна насловена  „Роден крај“.

Пејачот и овој пат се јавува самиот како комплетен автор (музика, текст и аранжман), а видеото на кое сценарист и режисер е повторно самиот тој, е снимено на неколку локации низ Македонија.

Митев вели дека големиот број ангажмани и гостувања надвор од родната Македонија, го инспирирале да ги прикаже убавините на својата земја, како и нејзината метропола, Скопје.

„најубаво е кога сум дома, во својот роден крај, во својата Македонија“ – вели Митев кому чувствата му проработеле инспирирајќи го да ја напише песната и сними спотот.

Но, работата си е работа, а Митев е многу баран, особено во дијаспората, кај нашите иселеници низ светот, па по медиумската промоција на видеото повторно замина надвор, овој пат на едномесечна турнеја низ Австралија.