Промотер

Јордан Митев има – „Жена за сто години“ (АУДИО)

Јордан Митев има – „Жена за сто години“ (АУДИО)

Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“, која како и сите останати песни е комплетно авторско дело на самиот пејач. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи на домашната естрада. За песната е најавено дека дополнително ќе се снима и видеоспот.

Инаку, Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод во втората половина од 2020 година планира да одржи и голем солистички концерт како и концерти во неколку градови низ Македонија. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму во 2020-та.

Во меѓувреме, треба да се појават уште четири нови песни кои ќе го заокружат албумот, а носечка песна на истиот ќе биде „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песната која веќе стана омилена на многу генерации.

И додека чекаме да видиме како изгледа, слушнете како звучи неговата „Жена за сто години“, чиј комплетен автор како што споменавме е самиот тој (музика, текст, аранжман), а истата е снимена во студиото „Анастасија“ во Скопје, а како музички продуцент е потпишан Љупчо Павловски: