Македонскиот пејач Јоце Панов кој веќе неколку години е присутен и на регионалната естрада, го претстави својот нов сингл насловен „Ноќас купујем илузије“, кој е наменет за успех токму надвор од границите на Македонија.
Автори на песната се проверените хрватски музички мајстори, композиторот Миро Буљан и текстописецот Ненад Нинчевиќ, а сето тоа го снимаше и го испродуцира нашиот хитмејкер и продуцент Лазар Цветкоски. Тој ги отсвири и деловите на акустична и електрична гитара, а заедно со Јоце и сестрата Магдалена Цветкоска ги отпеал и придружните вокали.
Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на „Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а покрај Јоце во видеото се појавува и ќерката на Дарио, моделот Ана Марија Јанковиќ.
Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение: