Откако го објави видеото за хрватската верзија на песната „Данас је љубав побједила“ каде што главната улога ја има неговата сопруга Марина, Јоце Панов сега ја претстави и македонската варијанта насловена „Љубовта денес победи“.
Оваа балада, која е сместена на актуелниот албум „Ни Љ од љубовта“ е дело на хрватскиот композитор Миро Буљан и со стихови на Антонија Шола, за кои препевот на македонски го направи Иле Спасев.
За романтичната екранизација на свадбената приказна на младенците се погрижи режисерот Дарио Јанковиќ и неговата продукција „Генерал филм“, а како изгледа и звучи „Љубовта денес победи“ дознајте во продолжение.