За Јоце Панов 2019 беше успешна година… И професионално и приватно. Јоце покрај кариерата дома, веќе неколку години е присутен и на регионалната естрада, каде во јуни го претстави својот нов сингл насловен „Ноќас купујем илузије“, кој беше наменет за успех токму надвор од границите на Македонија.
Автори на песната се проверените хрватски музички мајстори, композиторот Миро Буљан и текстописецот Ненад Нинчевиќ, луѓето кои ги напишаа некои од најголемите хитови на нашиот Тоше Проески!
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/joce-panov-prodolzuva-da-go-osvojuva-regionot-so-no-as-kupujem-iluzije-video/
Приватно, пред неполн месец распеаниот штипјанец за прв пат стана татко, ооткако неговата сопруга на свет го донесе нивното синче кое го доби името Лука.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/joce-panov-stana-tatko-za-prvpat-foto/
Обидот да прави регионална кариера подразбира и настапи надвор од Македонија, па така Јоце неодамна имаше свирка во еден клуб во Ниш. А таму, случајно или намерно, на неговиот настап се појави таа… Лилјана Петровиќ, некогашната менаџерка на Тоше, која сега таму живее и се занимава со одгледување и преработка на лаванда!
Што се разговарало на средбата – само тие двајца знаат, ама доказ дека се виделе е заедничката фотографија која веднаш ги подгреа шпекулациите дека нешто се „крчка“ меѓу нив двајца, а Лилјана му се враќа на естрадниот бизнис, по големата трагедија со загубата на Тоше!
Впрочем, можеби не случајно истите автори како Миро Буљан прават на Јоце песни, нели? Дали е така или таа вечер средбата на нашиот пејач и некогашата менаџерка на Тоше беше случајна и само пријателска, а „народот купува илузии“, или Љиља ќе има „ново дете“ во старите естрадни прегратки, останува набргу времето да покаже!