Автобусот кој тешко ја повредил водителката Деа Ѓурѓевиќ претходно излизгал, поради што возачот целосно ја изгубил контролата зад воланот. Автобусот на линијата 78 според изјавите на возачот наишол на лизгав коловоз, бидејќи имало пукната цевка, од која се излеаната вода подзамрзнала.
„Како што изјави нашиот возач, тој се обидел да ги заобиколи двата автомобили кои претходно биле застанати од судирот. Сепак, не успеал да го исконтролира автобусот кој се излизгал и потоа удрил во друг автомобил паркиран на тротоарот, се одбилод него и потоа се случила страшната несреќа. Во тие моменти возачот не можел да го контролира возилото. Жалиме што се случи ова“ – изјавил Драго Тошиќ, директор на Конзорциум за приватни транспортни компании, пишува српски Курир.
Возачот на автобусот има 42 години и досега немал проблеми, вели Тошиќ, а возилото со кое управувал било во исправна состојба.
Водителката стоела на тротоарот и разговарала со возачот на автомобилот со кој се судрила, кога на неа налетал автобусот и и ја откинал раката.
Во моментов таае во операционата сала, а лекарите се обидуваат да и ја спасат раката која претходно била ставена во мраз, икао се шпекулира дека шансите за тоа се многу мали, бидејќи и се искинати сите лигаменти.
Инаку, несреќата се случила на само 180 метри од ТВ Пинк, на само две минути одење пеш од нејзината работа, на која таа тргнала рано наутро, брзајќи навреме да стигне за да ја води утринската програма.
Фото: Владимир Шпорчиќ и РТС/Прва/Пинк/Инстаграм принтскрин