Јелисавета Орашанин (35), актерка и сопруга на кошаркарот Милош Теодосиќ, важи за една од најубавите жени на јавната сцена. Таа е совршено градена, а своето зачудувачки тело го одржува со редовно вежбање, кое не е нарушено ниту по раѓањето на нејзините две деца, ќерката Петра (5) и синот Богдан (3).
Многумина дури сметаат дека сега всушност изгледа уште подобро отколку порано. Згодната мама реши тмурните зимски денови и температурите под нулата во Србија да ги замени со тропско уживање во топлото море.
Имено, нејзиниот сопруг имал полесна спортска повреда, која не е сериозна, но бара отсуство од теренот, па брачниот пар решил слободното време да го помине со најмалите. Прво биле на планина неколку дена, а потоа отпатувале на луксузна дестинација, поточно Малдиви.
Јелисавета на овој рајски остров ја пречека поранешната најпозната српска мисица Сања Папиќ, која живее таму и работи во туристичката агенција на Малдивите. Добредојдовте назад во рајот“, ѝ порача Папиќ на Инстаграм.
Она што го привлече вниманието на многумина е телото на Јелисавета во минијатурно бикини.
Со фотографиите кои ги објави од оваа егзотична дестинација, Орашанин само ја потврди „титулата“ најубава дама на јавна сцена. Јелисавета објави фотографија во портокалово бикини додека нејзиниот син Богдан и беше во скут, а никој не можеше да ги тргне погледите од нејзиното извајано тело, особено стомакот.
Повеќе од очигледно е дека Јелисавета редовно вежба, бидејќи и стомачните се забележуваа.
Фото: printskrin/instagram/jagodenamagli