Радио Милева моден избор

Јелисавета ја ископира светската старлета – тешко е да се одлучи на која подобро и стои (фото)

Јелисавета ја ископира светската старлета – тешко е да се одлучи на која подобро и стои (фото)

Неодамна Јелисавета Орашанин во неколку наврати не воодушеви со одличните модни избори, но во последно време играта ја подигна на сосема ново ниво. Убавата актерка е далеку посекси и позаводлива, а линијата ја доведе до совршенство, поради што под секоја објава добива грст комплименти.

Сепак, сега за нејзиниот роденден таа ги изненади сите со моќното издание на кое ретко кој може да остане рамнодушен. Актерката носи проѕирна маичка која е во форма на корсет со исечоци на предната страна, како и во панталони кои никој друг освен Ким Кардашијан ги нема облечено повеќе пати оваа година.

Заводливата комбинација очекувано предизвика огромни реакции кај следбениците кои се натпреваруваа кој прв да даде комплимент. Сепак, се чини дека огнените емоции преовладувааат , односно дека актерката „пали“ е во прв план.

Секако, нејзините фотографии станаа тема на дискусија на интернет, со оглед на тоа што многумина веруваат дека токму Јелисавета, благодарение на нејзината манекенска линија, многу подобро го претстави екстравагантното парче кое Кардашијан со месеци не го соблекува.

Многумина истакнаа и дека Јелисавета е природна, за разлика од Ким која, како што е познато, својата фигура на песочен часовник ја истакна благодарение на многуте операции.

Од друга страна, некои беа на страната на Ким и истакнаа дека таа прва го започнала трендот и дека логично повеќе и одговара.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top