Радио Милева ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ:

Јелена Томашевиќ отвори душа: Бракот не ми е баш бајка!

Јелена Томашевиќ отвори душа: Бракот не ми е баш бајка!

Тие во јавноста важат за двојка со еден од најхармоничните бракови.
Обајцата зрачат позитивна енергија, и многу често  се истакнува дека нивниот дом е полн со љубов, почит и разбирање.
Сите вредности на животот се обидуваат да и ги всадат и на нивната наследничка, Нина.
Бидејќи искреноста им е квалитет кој го поседуваат и обајцата,  Јелена Томашевиќ отворено проговори за нејзиниот брак со актерот Иван Босиљчиќ и без никакво двоумење таа откри дека има само совршени моменти…. Но ги има и оние другите ситуации, кои сепак на крајот ако сте паметни, бракот и го зацврстуваат.

Не постои тајна за совршен брак, постои само љубов и дали двајца луѓе се согласуваат или не се согласуваат. Секако, и во нашиот има расправии и несогласувања, како и во секој друг брак. И нема тука кој прв ќе попушти… тоа не е борба на попустливи, сето тоа е во „служба на бракот“ – вели Јелена Томашевиќ.
Често се смета за уметниците дека се малку тешки и суетни личности, па затоа е прашање дали брак на двајца уметници може да се одржи и да биде хармоничен.

Зависи!  Нема правила дали си пејач или актер или… „Сто луѓе – сто карактери“ – вели  една стара поговорка, што и во нашиот случај се покажа како точна“ – резимира Јелена Томашевиќ.

To top