Јелена Томашевиќ на нејзините фанови им откри што прави кога наполни 30 години.
„Како мала учев како да ставам „eyeliner“ на очите. Вежбав неколку пати, но никако не беше успешно, а сега го правам тоа со еден потег. Секогаш велам кога ќе дојдат тридесетите сакам да се средувам и не ми е тешко. Порано ме оптеретуваше. Има нешто во тоа што жените после 30тите години се чувствуваат најубаво“ вели Јелена и објасни што нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ сака кај неа:
„Тој сака кога сум без шминка, така да на него не му пречи кога сум без шминка, но сака и кога сум средена. Тоа не зависи од тоа како сме физички средени, туку дали некој сакаш или не“ вели Томашевиќ.