Официјално остануваат уште неколку дена до крајот на летото и календарски да започне есен.
Македонските јавни личности ова лето го искористија да заминат некаде на некоја егзотична плажа за да се одморат и да се подготват за новите ангажмани.
Водителката Јелена Спенџарска знае максимално како да го искористи слободното време и да ужива во предностите на летото и летните температури.
Така, Спенџарска ова лето неколку пати се соблече во бикини, што на домашна територија и на некој скопски базен, што на некоја плажа малку подалеку од очите на јавноста.
Водителката пред да се врати на обврските се соблече во бикини, фати боја, се одмори далеку од секојдневието и од вревата, а сега е подготвена за нови предизвици.
Со доаѓањето на септември, се вратија и секојдневните рутини, но Јеца како можеби и многумина од нас жали за летото.
Колку ќе и недостига летниот период, водителката се пожали на „Инстаграм“.
„Она чувство кога длабоко во себе чувствуваш тага зашто летото е на самиот крај. Се завршува, а тебе ти треба уште време психички да се подготвиш за новата сезона. Ти се патува некаде. Италија на пример. Да ги затвориш очите и веќе да ги шеташ улиците низ Тоскана. Да го бараш најубавиот замок, да влезеш во винаријата, да одбереш од највкусното вино и да уживаш во раскошниот двор на зајдисонцето…Да наполниш батерии за ладните денови“, се обрати Спенџарска преку социјалните мрежи.
Можеби заврши летото и летните денови, но во следниот период ќе има и продолжени викенди, па можеби Јелена ќе најде време да замине некаде и да посети некоја дестинација.