Хрватска пејачка Јелена Розга беше гостинка во утринската програма на ТВ Прва во Белград, каде што за цело време флертуваше со водителот Срѓан Предојевиќ, пред очите на милиони гледачи, пишува српскиот портал Ало.Јована Јоксимовиќ како добра домаќинка се обидувала да скрие колку и е срам и непријатно заради флертот на пејачката, но гледачите сепак забележале дека разговорот попримил размери на непристојност.
На Јелена и при влезот во студиото скокнало кученцето кое се вика Прва, па Розга божем на шега низ смеа во разговорот потенцирала:
„Уф, тоа ти бил песот Прва, а јас си помислив дека Срѓан ме допира по нозете“ – смеејќи прокоментирала, додека на Срѓан му било малку непријатно.
„Сите го гледаат видеото и не ја слушаат песната“ – вака Срѓан го започнал разговорот.
“Жените слушаат, мажите гледаат” – одговорила Јелена со насмевка не дозволувајќи да ја збунат.
Пејачката за цело време му се смешкала на Срѓан и го гледала право в очи додека тој се потел, при тоа Розга вртејќи и грб на Јована.
Таа му порачала да дојде во Сплит, бидејќи таму ја има неа, пријателката, а потоа се договорија колективно да одат на вечера.
На крајот од емисијата Розга дури и му запеа „на увце“ на водителот, седната покрај него на софата… па видеото го закачи на својот Инстаграм профил.