Јелена Костов истакна дека откако ја родила ќерката Мила се откажала од чоколадото и ослабела седум килограми, а пред тоа никогаш не држела диета. Пејачката во септември минатата година ја роди ќерката Мила, а во бременоста се здебели девет килограми.
– Никогаш немав проблеми со вишокот килограми, а цел живот јадев чоколадо и други слатки во неограничени количини. Тоа е мојата генетика! Затоа никогаш не бев на диета, а со килограмите не се борев ниту во првата ниту во втората бременост. Додека бев во блажена состојба со Милија, а потоа и со Мила, се здебелив исто – девет килограми. Сепак, по првото раѓање вишокот лесно помина. Без гладување и вежбање. Бидејќи слабеењето станува се потешко со текот на годините по второто раѓање, решив да ги сменам лошите навики во исхраната. Дури тогаш успеав да ослабам седум килограми – вели Костов и објаснува како сега изгледа нејзиното мени.
Таа иако лесно ја намали тежината, пејачката ги советува жените кои се во блажена состојба да не се грижат за својот изглед.
– Бев сигурна дека во втората бременост ќе се здебелам многу повеќе отколку во првата! Сите ми велеа дека така е кога се раѓа девојче. Тоа не ме интересираше, единствено ми беше важно што бебето е добро и што се чувствувам одлично. Јадев се што сакав! Не ги разбирам жените на кои им е гајле да бидат слаби за време на бременоста и да гладуваат поради тоа. Во денешно време постојат многу начини на здрав начин да се ослободите од вишокот килограми – заклучува Костова.
Фото: Принтскрин/Инстаграм