Откако се врати на малите екрани, после целомесечно одсуство од „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се труди да ја покаже својата силна страна. Во најновата емисија, публиката можеше да ја види насмеана, но и по со некоја шега со останатите членови на жирито.
Сепак, во емисијата која веќе е снимена, а допрва треба да се емитува на телевизија, Јелена заплака, а пренесува српски Скандал.
Имено, една кандидатка ја пееше песната „Пјесма мајци“, која во оригинал ја изведува Ханка Палдум, па Карлеуша не можеше да ги задржи солзите, бидејќи „раната“ од смртта на мајка и Дивна се уште е свежа.
Според пишувањето на споменатиот медиум, Јелена не можела да ги задржи емоциите, а ниту солзите, туку се исплакала.