Јелена Карлеуша последниве месеци ги преплави насловните страници поради секс-скандалот со фудбалерот Огњан Врањеш, како и трагичната смрт на нејзината мајка Дивна.
По целата бура, Карлеуша и се врати на работата и снимањата во “Ѕвездите на Гранд”, но таа сè уште не сака да говори за медиумите.
По се што и се случува, позитивно е тоа што нејзината цена вртоглаво се зголеми, па денес таа заработува и до 15.000 евра за еден настап. Освен пеењето, Јелена заработува и добри пари од жирирањето во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
View this post on Instagram
Како што се шпекулира, Јелена зема и до 300.000 евра за една сезона. Или колку што еден Македонец со просечна плата од 400 евра би заработил за околу 64 години… Или во превод за сиот свој работен век, од прв до последен ден… Ама само под услов стажот да му важи од денот кога ќе се роди па се до денот кога ќе замине во пензија, што се разбира е невозможно!
И сите овие пари, или барем поголемиот дел од нив, ги троши на луксузни патувања и скапи парчиња гардероба. Во една ситуација таа се пофали со нејзиниот ормар каде што може да се најдат чизми, чевли, сандали, папучи… во вкупна вредност од 100.000 евра!