Пејачката Јелена Карлеуша викендов имаше настап во Охрид.
Карлеуша кога пристигна во Македонија, на аеродромот во Охрид се појави во летен фустан во жолта боја.
На социјалните мрежи се појави иста таква фотографија од актерката Софија Вергара која носи ист таков фустан.

Фановите забележаа дека двете дами се појавија во исти модни комбинации на Версаче кои чинат околу 1300 евра.
Фан страниците на Јелена беа преполни со нејзини и фотографии од актерката, а самата пејачка ги сподели на социјалните мрежи.
„Јелена Карлеуша и Софија Вергара во иста модна комбинација на ист ден“ пишува во описот.

Која комбинација повеќе ви се допаѓа?