Радио Милева дует - кавга...

Јелена Карлеуша во нова естрадна војна: Фолк дивата ја „откачи“ Емина Јаховиќ од Инстаграм, а за се’ е „виновна“ Наташа Беквалац (ФОТО)

Јелена Карлеуша во нова естрадна војна: Фолк дивата ја „откачи“ Емина Јаховиќ од Инстаграм, а за се’ е „виновна“ Наташа Беквалац (ФОТО)

Јелена Карлеуша и Емина Јаховиќ повеќе не се пријателки, а на раздорот на нивното пријателство наводно индиректно „кумувала“ Наташа Беквалац.

Имено, според информациите, Карлеуша и се налутила на Јаховиќ заради тоа што и понудила песна на Наташа за да направат дует и покрај тоа што Јелена и Емина претходно веќе  се договориле да соработуваат.

Јелена ова го сметала  за  предавство, бидејќи Емина заобиколувајќи ја и понудила соработка на Беквалац.

 

„Јелена полуде кога во медиумите виде дека Наташа и Емина најавуваат дует. Претходно, таа имаше состанок со неа и сè беше речиси договорено кога станува збор за соработка, а потоа во игра влезе Наташа.

Емина веднаш била отследена од Инстаграм од страна на Јелена, со што било јасно дека нивното пријателство завршило“ – вели добро упатен извор.

 

Довчерашните пријателки сега гласно се озборуваат. Приказната на Еминаа е за тоа како ја поддржувала и бранела Карлеуша кога тоа не го правел никој. Дека таа изјавила се’ најдобро во турските медиуми за неа, кога тие пишувале дека го изневерила Тошиќ. Од друга страна, Карлеуша исто така нашироко зборува дека била со Јаховиќ во најтешкиот период кога се разведувала и и’ давала максимална поддршка.

To top