На Мундијалот српската репрезентација не се прослави, секако, Јелена Карлеуша тоа го осуди на свој начин.
Познатата пејачка реагираше бидејќи нејзиниот сопруг Душко Тошиќ синоќа не играше во натпреварот против Бразил во Русија.
Тошиќ играше во првите два натпревари, но селекторот Младен Крстајиќ не го стави во составот во вчерашниот дуел.
-Така оди тоа кога наместо брутален дефанзивец игра некое дете, напиша Карлеуша на Твитер. Со тоа алудираше на одлуката на селекторот да му укаже шанса на Милош Вељковиќ, наместо на нејзиниот сопруг.
Tako to ide kad umesto brutalnog defanzivca igra neko dete….
— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) June 27, 2018