Јелена Карлеуша неодамна повторно отвори свој профил на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер).
Како што беше случај претходно, таа не бега да коментира за се и да зборува за се.
Една таква ситуација се случи и сега кога таа го сподели „своето“ лице и ги замолчи хејтерите.
Имено, таа откри дека се работи за фотошоп од нејзините претходни фотографии, но дека овие работи нема да влијаат на неа бидејќи знае која е вистината.
Исто така, Карли ја откри вистината за својот изглед, и изјави дека е многу јасно дека нема искривена уста, мачкино око и сите „деформитети“ кои се обиделе да и се „припишат“.
– О, благодарам драги хејтери за овој прекрасен фотошоп и што го потрошивте вашето време на мене. Уметност, особено ми се допаѓа ова мачкино око. Вистина е дека немам толку искривена уста, пластелин наместо коса и толку голем нос, но сето тоа ми дава карактер. Воодушевена сум и благодарна за се што правите бидејќи вие сте мојата најголема мотивација – напиша таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Х