Радио Милева

Јелена Карлеуша се соблече гола за поддршка на Србија, а сега откри кој ќе победи на Светското првенство!

Јелена Карлеуша се соблече гола за поддршка на Србија, а сега откри кој ќе победи на Светското првенство!

На Светското првенство кое се игра во Русија, учествуваше и Србија, а за таа прилика Јелена Карлеуша се фотографираше гола во боите на знамето на Србија.

Дури истакна дека ако Србија го победи Бразил ќе лета гола до Москва.

Меѓутоа, Србија го напушти Светското првенство. Еден од финалистите е Франција, а вечерва ќе се дознае другиот финалист.

Имено, вечерва се игра натпреварот меѓу Англија – Хрватска, а победникот ќе ги мери силите во недела со Франција.

Јелена Карлеуша на својот Твитер откри кој е нејзиниот фаворит и кој ќе победи.

„Хрватите ќе победат на Светското. Секако заслужија“, напиша Јеца и предизвика многу реакции.

„Па можам да напишам секоја чест за ваква изјава и за ваква храброст“, „Ти благодарам Јецо, се надевам дека така ќе биде“, се некои од коментарите.

Инаку, сопругот на Јелена, фудбалерот Душко Тошиќ играше за турскиот клуб, а сега ќе игра за кинески клуб.

фото:принтскрин/твитер

To top