Според пишувањето на странските медиуми Јелена Карлеуша може да се пресели во Англија.
Имено, еден голем фудбалски клуб сака да го земе Душко Тошиќ во тимот, а Јелена го потврди тоа и откри какви им се плановите.
Многу се зборува за таа Англија. Душко има големи и сериозни понуди од светските клубови. Бешикташ е шампион, а тој е меѓу ѕвездите. Моето мислење е дека таму треба да ја завши кариерата, каде го направи името и најголемиот успех. Мислам дека и тој се согласува со тоа. Јас ја обожавам Англија, но тоа би ни паднало тешко. Душко во јануари полни 33 години и неговата круна во кариерата е во Истанбул, вели Карлеуша во емисијата „Гламур“.