Српската „мала од скандала“ уште еднаш покажа дека навистина со право си го заслужува својот прекар. Јелена Карлеуша се огласи на своите Инстаграм приказни на тема слична како нашата „Јавна соба“: злоупотреба и споделување на разголени женски фотографии на социјалната мрежа „Телеграм“, без нивно знаење, заради понижување, омаловажување или одмазда.
Крајно револтирана и разлутена русокосата не бираше зборови со кои ќе им се обрати на медиумуите и новинарите и јавно ќе ги навреди, за наводното понижување и омаловажување кое токму го добивала таа од нив сите овие години. Не од сите, се разбира, но на оние за кои смета дека намерно се труделе да ја уништат и приватно и професионално, највулгарно, најбезобразно и безобѕирно, најде повод директно да им се обрати и да им го „расплаче мамичето“.
Поп – фолк пејачката сподели статус во кој буквално напиша:
„Гледам медиумите групно ги осудија оние кои на социјалната мрежа Телеграм споделувале голи фотографии на девојки и жени без нивно знаење и одобрение, со намера да ги омаловажат или заради домазда. Се огласи дури и министерот за полиција Вулин, кој најави апсење на сторителите…
Драги медиуми, вие единствено треба да пушите к*р и засегош да молчите на темата заштита на жените! Го*на лицемерни!!! Заборавивте како со месеци секојдневнмо објавувавте мои голи фотографии на насловните страници за кои немавте дозвола и кои јас никогаш не ви ги бев дала!? Јас со тие фотографии бев уценувана и застрашувана, а кога не се согласив на она што олошот од мене го бараше, фотографиите благодарејќи на Вас, стигнаа до милиони луѓе! Со тоа сториве кривично дело и ги загрозивте моите човекови права! Тогаш не ви беше дојдено до заштита на жената?! тогаш не се огласи министерот за полиција? Да ви го е*ам на сите мамичето во пи*ка, девијантна, злобна и болна“ – напиша Карлеуша во јавното обраќање или поточно јавната навреда кон медиумите кои ги објавуваа фотографиите и пишуваа за нејзиниот прељубнички секс скандал со босанскиот фудбалер Врањеш!
Болка која пејачката не може да ја преболи и заборави или згодна можност за чин на одмазада? Што ќе да е, само Карлеуша знае!