Деновиве главна тема во медиумите е Светското првенство во фудбал кое се игра во Русија. Големите светски репрезентации се борат да го освојат првото место, а меѓу нив се и Хрватска и Србија.
Репрезентацијата на Србија добива поддршка не само од нејзините навивачи и фанови од родниот крај, туку и од соседните држави меѓу кои и Македонија.
Добро познато е дека во фудбалската репрезентација на Србија, игра сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ. Српската пејачка порача дека ќе се соблече гола и ќе лета до Москва доколку победи тимот на нејзиниот сопруг.
Фудбалската еуфорија и навичката атмосфера ја понесе и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која веќе долго време живее во Белград. Таа не порача дека ќе се соблече гола, но за потребите на натпреварот Србија – Бразил го обои лицето во боите на српското знаме. Тијана на „Инста стори“ сподели фотографија и покажа како навива за Србија.
За жал, фудбалерите на Србија изгубија од репрезентацијата на Бразил, со резултат 2 : 0 за Бразил.